ЕДИ РАМА НА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО СКОПЈЕ: Зошто да чекаме пред затворени граници како во изминатите 500 години
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2021
Иницијативата
има за цел заживување на четирите основни слободни на Европската унија, истакна денеска албанскиот премиер Еди Рама
на Економскиот форум во Скопје, на кој присуствува и српскиот претседател, Александар
Вучиќ, а нивни домаќин е премиерот Зоран Заев.
Според него треба да се направи сè, за да се врати малку од изгубеното време.
-Не сакаме да живееме во минатот. Преку оваа иницијатива сакаме на овој регион да му донесеме пример каков што е Европската унија. Зошто треба да чекаме затворени со граници и свртени едни кон други со грб како во минатите 500 години, наместо да се има ритам и движење како земјите во Европската унија. Значи утре како дел од ЕУ, нема да се разговара понатаму дали овие четири слободи ќе се овозможуваат во нашиот регион, истакна Рама.