Еди Рама: Отворена граница и со Македонија
Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2019
Албанскиот премиер, Еди Рама, во својата порака на крајот од годината рече дека по отворањето на границата на Албанија со Косово, истото барање ќе биде насочено кон Црна Гора, Македонија и Грција, објави весникот Observer.
"Наскоро верувам дека наредниот пролет ќе ја ставиме границата меѓу Албанија и Косово во режимот на технички критериуми на Шенгенскиот договор. Отворена граница со Македонија, Црна Гора и Грција е исто така наша це во поблиска иднина со нашето членство во ЕУ ", рече Рама.