Еди Рама: Порто Романо ќе биде најголемо пристаниште на Јадранот, но и база на НАТО
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2022
Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел од новото пристаниште Порто Романо во Драч ќе биде база на НАТО.
Тој ова го изјави по враќањето од самитот на НАТО што оваа недела се одржа во Мадрид.
Се планира пристаништето Порто Романо да биде најголемото трговско пристаниште на Јадранот, но Рама рече дека ќе има и воен дел.
„Наскоро ќе се вратиме во Брисел за да продолжиме со дискусиите за нашиот предлог за формирање на поморска база на НАТО во новото пристаниште Драч“, изјави Рама, пренесуваат албанските медиуми.
Тој додаде дека воената база ќе биде изградена и кофинансирана од Албанија и НАТО.
Доколку се изгради, таа база нема да биде единствената база на НАТО во поранешната комунистичка Албанија.
Претходно во Кучова започна изградбата на воздушната база на НАТО, со странско финансирање.
Тоа ќе биде првата воздушна база на НАТО во Западен Балкан.