Еди Рама во Пустец ги испофали Македонците и Пендаровски
Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2019
Алванскиот премиер Еди Рама го пофали претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, дека сите сили ги вложува за евроинтеграциите, додека неговиот пандан од Албанија, Илир Мета, се однесувал спротивно од тоа.
Ова Рама го спомена за време на вчерашниот говор во Пустец, албанска општина населена со етнички Македонци низ девет села, во рамките на кампањата за локалните избори во земјата.
Кандидат за градоначалник од општина Пустец во коалицијата на Рама ќе биде Пали Колевски од Социјалистичката партија. Родум е од Пустец, со семејството живее во Корча и е вработен во Царинската управа на Албанија. Негов против кандидат е актуелниот градоначалник Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција, кој ќе се обиде по четврти пат да ја дибие довербата на жителите од оваа општина.
– Кандидатот Колевски е од вашата заедница. Тој е најдоброто решение. Кога станува збор за малцинствата, не станува збор за број. Северна Македонија е близок пријател на Албанија. Нашите две земји меѓусебно се почитуваат – истакна Рама.
Тој ги пофали Македонците дека се чесни граѓани кои ја почитуваат државата и законот.