20 Април, 2024
0.0267

Едиција КАЛЕИДОСКОП – потребното освежување на македонската издавачка сцена

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

„Калеидоскоп“ е името на новата едиција книги што Издавачката куќа ПАБЛИШЕР неодамна ја промовираше пред нашата читателска публика. Едицијата е големо освежување на македонската издавачка сцена. Се состои од преводи на 10 романи од автори кои досега не биле претставени во Македонија, а кои уживаат голема популарност кај публиката и критиката низ Европа и пошироко. Целта на проектот е да се зголемат изборот и циркулацијата на квалитетна литература за читатели од различни возрасни групи преку претставување на некои од најдобрите наслови објавени во Европа во последниве години, со посебен акцент на литературата за деца и млади.

„Калеидоскоп“ нуди избор од 10 современи дела од реномирани и наградувани автори,  насочени претежно кон младата читателска публика. „Книга за гробиштата“ од Нил Гејман, „Воздух“ од Миријам Дубини, „Како во филм“ од Винко Модерндорфер, „Сошиено срце“ од Карол Мартинез, „Дарла – 172 часа на Месечината“ од Јухан Харстад и дури три романи добитници на Европската наградата за литература: „Некогаш сигурно сум одела по мека трева“ од Каролина Шути, „Езеро“ од Бјанка Белова и „Срце на ветрот“ од Донал Рајан.  Сите десет книги носат исклучително висок литературен квалитет и ги отсликуваат карактерот и целите на едицијата – да ги задоволи различните тематски и стилски очекувања низ различни жанровски изрази: фантазија, мистерија, романса, реализам, историја.

Еден од поводите за покренување на оваа едиција е недостигот од квалитетни книжевни дела во превод на македонски јазик, пред сè за млади. „Младите читатели сè поретко се одлучуваат да го посветат своето слободно време на книгата, а тоа е нешто на кое ние издавачите, но и државата, треба континуирано да работиме“, велат од издавачката куќа ПАБЛИШЕР. Меѓу книгите во оваа едицијата голем дел доаѓаат од книжевно „егзотични“ земји од Европа – Норвешка, Исланд, Данска,Ирска, но раскажуваат приказни чии пораки носат универзални вредности и допираат до секој читател.  Со ваквиот избор, проектот во целост ќе придонесе за развивање на порафиниран книжевен вкус, ќе го поттикне интересот на младата публика и ќе создаде нови лојални читатели.

Едицијата „Калеидоскоп“ се издвојува и со иновативниот пристап во промовирање на делата, но и со дополнителните активности насочени кон подигање на читателската свест кај младите. ПАБЛИШЕР неодамна го основа и првиот Клуб на млади читатели, кој ќе биде место за дискусии, размена на мислења и поттикнување на креативноста кај децата преку читање; понатаму, организира гостувања на странските автори и нивна директна комуникација со публиката на промоциите; иницира соработка со едукативни центри, а планира и организирање на Денови на книгата, што ќе претставува и заокружување на едицијата, која секако ќе добие и свое продолжение.

Едицијата „Калеидоскоп“ на Издавачката куќа Паблишер е проект поддржан од Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!