18 Април, 2024
0.0335

„Една книга за мир“ – доказ дека Библијата и Куранот шират исти пораки

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Ако ги споредите основните принципи на исламот и на христијанството, ќе забележите дека се речиси идентични. И покрај спротивното мислење кое преовладува меѓу луѓето, во светот постојат повеќе нешта кои нѐ поврзуваат отколку што нѐ раздвојуваат. Една од тие работи е религијата. Токму ова е основната тема на книгата „Една книга за мир“, која го собира учењето од светите книги Библија и Куран и преку нивно напоредно претставување покажува колку всушност се слични пораките во двете книги. 

Во „Една книга за мир“ се претставени по 10 стихови од Библијата односно ајети од Куранот на 10 универзални теми, блиски на сите луѓе од светот: еден Бог, Мир, Правда, Љубов, Семејство и соседи, Светоста на животот, Милост, Проштевање, Помагање на другите и Надеж. Книгата ја уреди искусниот босански новинар Мирнес Ковач со помош на два теолога - Мухамед Фазиловиќ (ислам) и Павле Мијович (христијанство). Теолозите од своите свети книги бираа стихови кои тие би сакале луѓето од другите вери да ги прочитаат за нивната вера.

Подготовката на книгата е дел од проектот „The One“, кој е заедничко дело на агенциите „Њу Момент“ – Белград иY&R Dubai, осмислен за Меѓурелигискиот совет во Босна и Херцеговина. Целта на проектот е да се урнат предрасудите и да се подигне свеста за важноста на меѓусебното разбирање и меѓурелигискиот дијалог.

Книгата премиерно беше претставена на каналот Ал Џезира и наскоро ќе биде пратена до највлијателните светски лидери, како што се папата Франциско, Доналд Трамп, Владимир Путин, Ангела Меркел и многу други ширум светот.

„Една книга за мир“ може бесплатно да ја преземете или да ја прочитате на http://onebookforpeace.org/#/. За повеќе информации следете нѐ на твитер @OneBookForPeace или користете го хаштагот #OneBookForPeace за да го изразите вашето мислење за оваа порака за мир.

Видеото за овој проект може да го погледнете подолу:

Можеби ќе ве интересира

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне