26 Април, 2024
0.0376

Една недела кампања: Ќе има ли цензус со бледи настапи

Објавено во: Македонија 08 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Бледи во реторика која не е впечатлива, со исти фрази, ама и гафови - помина една недела од изборната капмања за претседателските избори. Кампањата нема жестина, ниту интерес кај граѓаните, а кандидатите „играат“ внимателно со анемична реторика на настапите. За познавачите невообичаено е кампања во првата недела да помине речиси незабележливо. Единствено се коментираат неколкуте гафови или на кандидатите или на лидерите на партиите кои стојат зад нив. Забележливо е дека кандидатите на власта и на опозицијата се обидуваат да се изземат од дневната политичка реторика што ја водат нивните лидери, претставувајќи се како натпартиски кандидати. Сепак, очекувано Преспанскиот договор е во фокусот на нивните излагања. Се внимава да не се наруши меѓународниот углед и поддршката од влијателните земји.

Гордана Силјановска Давкова синоќа се обрати пред граѓаните во Струмица на кои им рече дека на овој град ја потсетува поранешниот претседател Борис Трајковски и македонскиот фудбалер Горан Пандев. Рече и дека Струмица е родно место на заевизмот. Силјановска Давкова вети дека ќе се спротивстави на лошите политики на оваа Влада. Не заборави да спомене и за тоа што не беше инторнирана макеоднската химна за време на дочекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Владата.

 

„Не само што го забораваат ветено, политичкото туку го забораваат и минатото, ја заборавија дури и химната со која почна овој настан. Значи ја заборавија Струмица и цела Македонија. Химна не се заборава, химна секогаш се пее, зошто таму каде што е химната таму е и државата, таму каде што нема химна нема ни држава. Ама ја нема нивната држава, нашата е со нас и кога ја пееме и кога се радуваме на неа и кога плачеме со неа, нагласи таа.

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на трибина од трибина во скопска Кисела Вода рече дека земјата има перспектива за влез во ЕУ но и за нови вработувања.


„Од 2016 година има нови политичари кои се зафатија да ги решаваат најтешките проблеми за да оди земјата напред. Успеваме да направиме голем исчекор. Само за две години од вистински режим дојдовме до влез во НАТО и очекуваме во јуни датум за почеток на прегорите во ЕУ. Во периодот од 2006 до 2016 година имавме најмногу иселени лица, пред се млади. Ова може да се спречи само со членство во ЕУ, со отворање нови перспективи за младите“, рече Пендаровски.

Вели дека граѓаните им е оставено да избираат меѓу два концепти, европски и концепт на блокади и назадувања.

Ѓ.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот