29 Март, 2024
0.0330

Една од најскапите згради не е вселена, но барем нема повеќе да прави нови трошоци

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

АД за стопанисување со станбен и деловен простор се уште се нема вселено во барокната зграда во Мал Ринг на која самото претпријатие и е инвеститор со вредност од нешто повеќе од 11 милиони евра, но за прв пат од оваа година нема повеќе да дава пари за нејзината доградба која траеше пет години.

Од претпријатието велат дека годинава ќе има трошоци потребни само за техничкиот прием на зградата која е во централното градско подрачје на Скопје за да може конечно администрацијата да се всели во истата.

- За тоа дали се уште се предвидени трошоци за изградба на новата зграда на АДСДП за тековната 2019та година, посочуваме дека во овој објект нема да се вложуваат дополнителни средства , односно трошоци , освен оние кои се превземени од претходната година. Истите се потребни за реализирање на техничкиот прием на зградата - гласи официјалниот одговор од акционерското друштво.

Оваа зграда претпријатието ја градеше под сопствена програма, а во 2019-та се предвидени само 400.000 евра за Националната фудбалска арена за нејзина доизградба, адаптација и реконструкција. Требаше да заврши во 2017-та, но пари за истата се даваа и низ 2018-та со потрошени, според програмата, 388 милиони денари обезбедени со банкарски кредит.

Во 2013-та тогашната Влада донесе одлука дека за потребите на објектот во централното градско подрачје се потребни 987 милиони денари, иако на крајот не испадна толку скапо, а изградбата започна во 2015 со 10 милиони денари за „расчистување на теренот“. Во 2015 беа предвидени 125 милиони денари за трошоците од таа година, но беа потрошени само 25 милиони денари. До крајот на 2016-та беа вложени 200 милиони денари, а следната година беа издвоени уште 90 милиони денари. 

Изградбата на објектот започна во 2015-та, а тогаш беше неведено дека на едно место ќе бидат сместени сите служби на претпријатието и зградата ќе ги намали трошоците. Објектот кој се наоѓа до Македонската опера и балет се градеше контроверзно со постојано додавање на антички столбови и декоративни елементи, скулптури и релјефи на светци на завршената фасада без да се знае кога ќе заврши тоа „китење“, земајќи го во предвид фактот дека на информативната табла на градилиштето не беше прикажана визуелизација на идејното решение.

Директорот Кристијан Трајковски најавуваше нејзино завршување и пуштање во употреба минатото лето.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра