24 Април, 2024
0.0269

Eдна престолнина си го смени името

Објавено во: Свет 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Главниот град на Казахстан, Астана си го смени името и ќе се вика Нурсултан.

Пратениците ги изгласаа амандманите на Уставот на земјата со што престолнината Астана се преименува во Нурсултан. Оваа одлука се носи во чест на првиот претседател, Нурсултан Назербаев.

Преименувањето на главниот град е на предлог на новиот претседател Хашим-Жомрат Токаев во чест на Назербаев, кој беше на власт 3 децении, уште од времето на Советскиот сојуз, а вчера поднесе оставка.

Астана на казахстански јазик означува „главен град“ и го носи тоа име од 1998 година, веднаш откако Владата се префрли таму од Алмати, најголемиот град и трговски центар во земјата. Градот Астана бил основан во 1824 година под името Ал Мола, а од 1830 година Акмола.

Казахстан е најголемата држава во светот без излез на море, а деветта најголема држава во светот по површина со своите 2,724,900 километри квадратни.

Нурсултан Назарбаев кој денеска си поднесе неочекувана оставка, го водеше Казахстан цели три децении, а се наметна како автократ кој на обвинувањата за деспотизам се правдаше со фактот дека ја води најнапредната економија во централна Азија.

Дарига Назарбаева, најстарата ќерка на поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев, е избрана за претседател на Горниот дом на казахстанскиот Парламент, Сенатот.

55-годишната Назарбаева денеска едногласно беше избрана од страна на членовите на Сенатот, еден ден откако нејзиниот татко ја објави својата оставка по речиси 30 години на функција.

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија