18 Април, 2024
0.0250

Eдна валута тоне, а Русија и Кина ќе форсираат иста валута

Објавено во: Економија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Британската фунта денес падна во однос на доларот. 

Тоа е најголем пад во последните 30 месеци во страв дека земјата би можела да ја напушти ЕУ на 31 октомври без трговски договор со европскиот блок.

Фунтата ноќеска во Азија ослабе на 1,2101 во однос на доларот, што е најмалку од јануари 2017 година. 

Во Европа, фунтата се тргуваше за 1.211 долари.

Фунтата минимално го промени курсот во однос на еврото, за кој се добива 0,911 фунти.

Таа изгуби повеќе од четири проценти во јули, кој беше нејзиниот најлош месец од октомври 2016 година, откако новиот премиер Борис Џонсон вети дека земјата ќе излезе од ЕУ на 31 октомври, без оглед дали има договор со Брисел или не.

Москва и Пекинг пак склучија меѓувладина спогодба според која нивната билатерална трговија ќе се префрли на националните валути, кинескиот јуан (CNH) и руската рубља (RUB). Ова воедно претставува чекор кон оддалечување од американскиот долар.

Документот е потпишан од рускиот министер за финансии Антон Силуанов и шефот на Народната банка на Кина, Ји Ганг, на почетокот на јуни. Во извештајот се вели дека договорот е прв практичен чекор за двете држави да се префрлат на националните валути во меѓусебни плаќања.

Москва и Пекинг во моментов развиваат нови механизми за прекугранични плаќања кои се однесуваат на меѓусебната трговска размена на двете земји. Друга цел на овие механизми е и намалување на влијанието на доларот и избегнување на санкциите иницирани од САД. 

фото kurir.rs

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб