Една земја се закани дека ќе го „збрише“ Израел од лицето на Земјата
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2019
Иран се закани дека ќе го „елиминира Израел од лицето на Земјата“.
Израелската армија информираше дека извршила одмазднички воздушни напади врз иранските цели во Сирија.
Шефот на иранските воздухопловни сили изјави дека е подготвен да се бори против Израел и да го елиминира од лицето на Земјата.
Бригадниот генерал Азиз Насирзаде се јави откако една мониторинг-група соопшти дека 11 лица загинале во израелските напади, во кои беа погодени магацини за складирање муниција на меѓународниот аеродром во Дамаск, иранска разузнавачка локација и воен камп за обука.
Руската војска објави дека четворица сириски војници се меѓу убиените. Немаше дополнителни детали за жртвите или за нивните националности.
Израелските власти сооштија дека ги извршиле нападите како одговор на ракетата земја-земја што иранските сили Кудс во неделата ја испукаа од Сирија кон скијачки центар во Голанската висорамнина окупирана од Израел, а која беше пресретната од израелската воздушна одбрана.