Една земја воведува данок за туристи
Објавено во: Свет 18 Јуни, 2018
Владата на Нов Зеланд ќе воведе данок за повеќето странски туристи, со цел да ја намали оптовареноста на туристичкиот сектор кој е во подем.
Се очекува новата такса да го зголеми буџетот на земјата за 55.8 милиони долари. Владата, наводно, планира да ги искористи тие средства за финансирање на инфраструктурата.
Министерството за туризам ќе почне да им наплаќа такси на посетителите од 35 долари.
Како што се наведува, плаќањето ќе се врши при аплицирањето за виза, како и преку новиот електронски систем за патување, на кој се работи.
„Треба и туристите да дадат мал придонес, а со тоа ние ќе им помогнеме да добијат подобра инфраструктура и подобра заштита на природните ресурси во кои уживаат“– вели министерот за туризам, Келвин Дејвис.
Оние кои пристигнуваат од Австралија ќе бидат ослободени од таксата, а тоа би можеле да го очекуваат и туристите од Кина. Токму од овие две земји се најбројни туристите во Нов Зеланд.
Нов Зеланд има рекорден раст на туризмот во изминатите четири години, што значително влијаело и на економијата, но истовремено ја оштетило инфраструктурата.