Едни го сметаат за виновник за несреќата во Тајланд, а други му оддаваат почит
Објавено во: Свет 09 Јули, 2018
Акапол Чантавонг, фудбалскиот тренер од Тајланд, кој однел 12 деца од својот клуб во истражување на пештера, е човекот кон кого се вперува прстот за несреќата која се случи.
Но, на социјалните мрежи многу од корисниците од Тајланд и остатокот од светот застанаа во негова одбрана. Тие му оддаваат почит на вниманието и утехата на децата во последните 15 дена кои ги поминаа во поплавената пештера.
„Со 25 години, овој тренер и самиот е уште дете. Но, очигледно бил голема инспирација за дванаесетте деца чиј морал, изглед, никогаш не паднал и покрај сите потешкотии низ кои поминаа. Голема почит за овој тренер“ – напиша корисничка на Твитер.
Еден друг корисник на оваа социјална мрежа открил дека Акапол го изгубил семејството уште како дете.
„Одржа 12 деца во живот без храна и светло 9 дена. Тој утре последен ќе излезе, а има само 25 години. Не заборавајте на него“ – додаде тој.
Во писмо тој им се извини на родителите.