ЕДНИОТ БИЛ ЗАРАЗЕН: Двајца турски државјани со чаршаф избегале од хотел државен карантин
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020
Двајца турски државјани избегале од карантин со чаршаф импровизиран како јаже.
Станува збор за турски државјани на возраст од 22 и 24 години, од кои едниот бил позитивен на коронавирусот.
Тие синоќа избегале од хотел-државен карантин во Скопје со чаршаф што бил врзан како импровизирано јаже.
„Во две соби ги немало А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 03.07.2020, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид – 19 кај едно од лицата“, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.