25 Април, 2024
0.0286

Едно село помалку имаат секој месец

Објавено во: Балкан 07 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во соседна Бугарија секој месец исчезнува по едно село.

Според бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во земјата во која во рамките на ЕУ се бележи највисоката стапка на морталитет, секој месец од картата исчезнува по едно село.

Многу млади луѓе ја напуштиле својата татковина поради подобри услови за живеење и прибежиште нашле во некоја од другите земји членки на ЕУ.

Доколку во Бугарија и натаму продолжи лошата економска ситуација, а следствено на тоа и миграцијата на населението, се претпоставува дека бројот на жители во оваа земја би можел да се намали на 5,2 милиони до 2050 година.

Бугарија, која важи за најсиромашна земја во Европската Унија, по падот на комунистичкиот режим во 1989 година, имала околу 9 милиони жители, а 28 години подоцна има околу седум милиони. Според експертите, главна причина за тоа е падот на наталитетот и економската миграција.

Според податоците на Заводот за статистика на Бугарија, земјата во периодот од 1989 до 2017 година изгубила речиси два милиона жители.

Како што е соопштено, лани во Бугарија се родени 60.000 бебиња, а починале 110.000 луѓе, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)