Едно време по 50 нови болни дневно имаше во цело Скопје, а сега само во Аеродром - како толку се прошири вирусот
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2020
Само во Аеродром имало за едно деноноќие 49 нови зболени од Ковид 19. Со најновиот огромен број на заразени оваа општина и натаму цврсто го држи неславниот врв, сега веќе искачувајќи се на 505 активни случаи, откако вчера имаше 456.
Аеродром е најголемата скопска општина, со околу 85 илјади жители.
А едно не така далечно време по 50 новозаболени имаше во цело Скопје, односно во сите општини од главниот град.
На фејсбук страната на општина Аеродром, како и кај градоначалникот Златко Марин, нема препораки или апели за однесување на граѓаните, со оглед на големиот раст на бројот на заболените во последниве денови.
Денеска во Скопје има шест пати повеќе, 303 новозаболени.
И Центар состојбата е загрижувачка, со 433 активни, досека 417 има во Карпош.
Еве ја состојбата со другите скопски општини денеска по бројот на активни случаи.
Чаир – 109
• Гази Баба – 256
• Аеродром - 505
• Карпош – 417
• Центар – 433
• Кисела Вода – 296
• Ѓорче Петров – 198
• Бутел - 97
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 35
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –13
• Зелениково - 7
• Странец – 11
• Нераспределен- 73