28 Март, 2024
0.0266

Едногласна порака од конференцијата за здравство на АмЧам: “Квалитетното здравство е инвестиција во човечкиот капитал”

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам), денеска во Скопје се одржа конференцијата за здравство насловена како “Подобрување на пристапот до лекови за сите”,на која учество зедоа видни домашни и меѓународни експерти од различни области на здравствената заштита и менаџирањето на здравствените системи.

Драган Давитков, претседател на Одборот на директори на АмЧам, во своето воведно обраќање посочи дека главната мисија на оваа конференцијата е да се отвори транспарентна и инклузивна дебата околу процесот на проширување на позитивната листа на лекови, со цел и македонските граѓани да добијат пристап до лекови кој не отскокнува од европскиот просек.Тој повика за приоретизација на здравствената агенда и неопходните промени кои треба да овозможат одржлив и квалитетен здравствен систем.

На настанот свои поздравни обраќања имаа и заменик-министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски, како и првата дама на Република Северна Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска.

Главниот говорник на конференцијата, проф. д-р Рифат Атун од Универзитетот Харвард во САД, одржа презентација за влијанието на различните демографски, епидемиолошки, политички, економски, социо-културни и технолошки фактори кои доведуваат до криза во светските здравствени системи. Тој понуди решение во форма на теоретски модел од пет чекори за трансформација на здравствениот систем, кој се состои од: промена во институционалната логика, инклузивни партнерства, интегрирано дејствување, инвестиции во здравството и поголем пристап до иновациите. Според професорот Атун, финансирањето на здравството не е трошок, туку инвестиција во човечкиот капитал - резултирајќи со мерливи придобивки и поголема економска оправданост од многу други сектори.

Д-р Славејко Џамбазов, меѓународен експерт и консултант за здравствени политики и технологија, се осврна кон важноста на практиките за проценка на здравствени технологии во унапредување на ефективноста на системите за здравствена заштита. Според  него, проценката на здравствените технологии нуди можност за подобра контрола и предвидување на здравствените буџети, промовира ефективни решенија и транспарентност, а нуди и подобра основа за преговарање за цената на лековите и третманите.

Поранешниот директор на Националниот фонд за здравствено осигурување на Република Хрватска, д-р Тихомир Стризреп, зборуваше за одржливо финансирање на здравствениот систем, преку надминување на тендерскиот пристап на јавни набавки, нудејќи методологија заснована врз повеќе критериуми.

Д-р Золтан Кало од Универзитетот Семелвајс во Будимпешта ја нагласи важноста за употреба на податоци од секојдневнатамедицинска практика во реалниот свет, сѐ со цел ефективна локална адаптација на глобалните теориски системи за изградба на здравствен систем кој ќе има реална вредност за корисниците.

На настанот се одржаа и четири панели кои обработија неколку исклучително значајни теми како “Одржливо финансирање во здравството како предуслов за подобар пристап до лекови”, “Како да се отклучи процесот со позитивната листа на лекови?”, “Здравствена заштита заснована на вредност и потреба од реални податоци” и “Хармонизацијата со ЕУ во областите на лекови и јавните набавки”.

Конференцијата “Подобрување на пристапот до лекови за сите” е прва конференција за здравство на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија, иницирана од компаниите кои членуваат во Комитетот за здравствена заштита при АмЧам.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?