24 Април, 2024
0.0271

Едштадлер: Австрија се нуди да посредува во спорот помеѓу Македонија и Бугарија

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер, при денешната посета на Скопје, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров рече дека Австрија дава понуда да биде посредник во надминувањето на спорот помеѓу Македонија и Бугарија за откочување на европерспективата на нашата земја.

- Сакам да ја истакнам понудата на Австрија да посредуваме во решавањето на спорот. Сега се работи за ништо помалку од нашата заедничка иднина. Сега кога се ближи 9 Мај - Денот на Европа, да ги вградиме земјите од Западен Балкан во дијалогот. Интеграцијата да се забрза и да се даде перспектива . Затоа Австрија сака како партнер на земјите од Западен Балкан да ја игра оваа улога, знаејќи дека на европско ниво треба уште некои работи да се дозавршат за дијалогот да продолжи, истакна Едштадлер.

Димитров рече дека неговите ветувања се потпираат на ветувањата на Брисел и дека не треба идните избори да бидат пречка во надминувањето на блокадата на Бугарија. 

- Овде ќе има локални избори, во Бугарија во ноември ќе има претседателски избори. Мислам дека немаме право однапред да креваме раце. Многу земји членки на ЕУ чусвтвуваат и разбираат дека е крајно време оваа година да има сериозно поместување кон подобро за европската идеја во нашиот регион. Многу е тешко тоа да биде убедливо ако македонскиот случај не биде препознаен и потврден преку меѓувладина конференција. На регионот му треба успех оваа година, рече вицепремиерот.

Едштадлер дополни дека Македонија нема да остане зад Албанија кога станува збор за добивањето на датум за добивање на преговори. Таа дополни дека Македонија спречила вкупно 52.000 илегални емигранти да преминат без дозвола во ЕУ и потсети дека Скопје ќе добие вкупно 120.00 Фајзер и Бајонтек вакцини како донација од Брисел.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП