25 Април, 2024
0.0280

Едукативен проект за електрична енергија преку програмата „ЕВН Волонтира“

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Во рамки на програмата „ЕВН Волонтира“, вработени од ЕВН Македонија спроведoa волонтерски проект за едукација на млади во врска со историјата на развојот на електрична енергија. Проектот се реализираше во просториите на изложбениот центар на ЕВН „Матка“, а групата од дваесетина млади се штитеници на Дневниот центар за деца при Здружението за заштита на правата на детето. Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“ овозможува поголема едукација и преку интерактивни експонати ја раскажува историјата на електричната енергија во земјата, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите нудат уникатна можност за едукација и интеракција.


ЕВН Македонија со оваа волонтерска акција се приклучи кон иницијативата на здружението „Сошл Фрајдеј“ која има за цел да ги претвори петочните попладневни часови во општествено одговорни практики, со тоа што вработени кои работат во канцеларии излегуваат на терен и реализираат волонтерски акции за доброто на локалните заедници.


„ЕВН Волонтира“ е проект на ЕВН Македонија кој официјално започна во јули 2017 година како дел од долгорочната стратегија за општествена одговорност на компанијата. Вкупно се реализирани 52 акции во големи групи низ целата земја, а учествувале над 500 вработени. Една од главните цели на овој проект кој е се уште во тек, е да се подигне свеста кај поединци и компании дека сите имаме посебни квалификации и способности кои може да ги искористиме за да направиме добро во заедниците во коишто живееме. 

ПР Објава


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ