23 Април, 2024
0.0255

Едукативна тура низ палатите на старо Скопје за Денот на музеите

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хамеус“ во недела (20 мај) организира едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“. Во рамките на оваа прошетка е вклучен едукативен дел за таканаречените палати на старо Скопје кои се наоѓаат во самиот центар на градот и во нивната архитектура може да се забележат влијанијата на многу европски стилови, како што се експресионизмот, арт нуво, академизмот, традицијата и модерниот стил, а честопати се надополнети со елементи на византиска традиција, класика, ренесанса и барок.


- Во изминатата година „Хаемус“ изработи обемна научно-истражувачка студија посветена на животот во Скопје, кој културно, социјално и економски интензивно се развивал во периодот помеѓу двете светски војни. Дел од оваа студија е посветен и на таканаречените палати на старо Скопје, кои го преживеале земјотресот од 1963, а денес некои од нив се заштитени со закон и прогласени за културно наследство на Република Македонија. Со оваа тура сакаме искуството кое ги акумулиравме работејќи на овој проект да го споделиме со граѓаните и на тој начин  нашите сознанија за старо Скопје да ги дисеминираме со заедницата - изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.


Целта на оваа тура низ центарот на Скопје е промоција и популаризација на богатото архитектонско наследство коешто несомнено оставило трага во архитектурата и уметноста на главниот град.


Едукативната тура низ „Палатите на старо Скопје“ се реализира по повод „Меѓународниот ден на музеите 2018“.


Можеби ќе ве интересира

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS