20 Април, 2024
0.0278

Едвин Омерагиќ, матурант од НОВА: Средното училиште целосно ме подготви за факултетските предизвици во Франкфурт

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Тоа што Франкфурт е еден од најголемите финансиски центри во Европа, но и во светски рамки, а Германија ја има една од најсилните ракометни лиги во светот, било доволно привлечно за матурантот од Меѓународното училиште НОВА, Едвин Омерагиќ, да го избере универзитетот Frankfurt School of Finance and Management како најсоодветен за продолжување на неговата академска кариера.

По поминати четири години во НОВА и повеќе години професионално занимавање со ракомет, Едвин аплицирал на повеќе квалитетни и реномирани европски универзитети во Германија, Велика Британија, Холандија, Шпанија и Белгија и од сите добил позитивен одговор. Но, изборот паднал на универзитетот во Франкфурт, за кој Едвин вели дека се издвоил во сериозноста и начинот на комуникација.   

- Франкфурт нуди многу опции за понатамошен развој и успех. Не само што нуди висококвалитетно образование, Frankfurt School of Finance and Management соработува со многу големи, силни и успешни фирми кои го зголемуваат кругот на опции за понатамошно вработување и развој на кариерата. Исто така, програмата на овој универзитет се издвои од останатите поради тоа што е флексибилна и нуди образование и во ИТ секторот, кој е клучен за финансискиот свет и дигитално опкружување во кое живееме – вели Едвин.

Тој никогаш не ги разгледувал како опција универзитетите во САД, најмногу поради желбата за понатамошно професионално занимавање со ракомет, за кој во Америка не владее голем интерес, како и поради тоа што Франкфурт е многу поблиску до Македонија и ќе биде поблиску до семејството. Едвин истакнува дека сака во текот на студирањето да направи баланс меѓу академскиот и социјалниот живот со цел да напредува и надвор од факултетот, бидејќи тоа е многу важно за него со оглед дека е исклучително екстровертна и комуникативна личност.

- Во Европа, конкуренцијата на универзитети со добра репутација е мошне голема. При изборот на универзитет најсоодвеетен за мене и моите очекувања, повеќе аспекти беа клучни и значајни. Рангот и репутацијата на универзитетот, програмата и нејзините можности, локацијата на универзитетот, како и социјалниот живот во самиот град беа пресудни во самиот избор – истакнува Едвин. 

Тој бил одлично подготвен за процесот на аплицирање од аспект на документација, но сепак вели дека целиот процес е предизвикувачки бидејќи не е лесно да се избере вистинскиот универзитет. За разлика од многу средношколци кои уште од почетокот на средното образование знаат што сакаат да студираат, Едвин бил неодлучен.

- Уште од самиот почеток во НОВА, академските советници се стремеа да ги упатат учениците да размислуваат не само за моменталниот успех, туку и за идните академски и професионални планови. Како ученик кој не беше подготвен и одлучен за сопствените идни планови, како и за областа во кој планира да ги продолжи своите студии, четирите години образование во НОВА и присутноста и поддршката на академските советници беа мошне битни во носењето на конечната одлука. Поддршката која советниците ми ја пружија беше клучна во мојот процес на избор на универзитет и сопственото академско пронаоѓање – вели тој.

Од студиите во Франкфурт очекува да добие висококвалитетно образование кое ќе го подготви за сите предизвици во натамошниот живот, како и практична примена на стекнатите знаења. Со оглед на тоа што програмата која ќе ја следи на неговите студии е многу флексибилна, сѐ уште не е сигурен која потесна специјализација од областа на финансиите и финансискиот менаџмент би ја избрал. Но, се надева и очекува дека новите работи со кои ќе се соочи за време на студиите ќе бидат клучни во изборот на неговата специјализација.

- Студирањето во странство е една од најголемите и најтешки одлуки што сум ги донел досега. Но, се надевам дека со стекнување врвно образование во Франкфурт, проследено со постдипломски студии на исто така квалитетен универзитет, ќе бидам во можност моето знаење да го искористам со цел да помогнам да се направи конекција помеѓу помалку развиени земји како што е Македонија и најразвиените земји во светот, и успешно да го пренесам моето знаење во мојот роден крај – завршува Едвин. 


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција