20 Април, 2024
0.0281

ЕФИКАСНИ ОД 50 ДО 90 ОТСТО, ОДОБРЕНИ ОД СЗО - ќе се потрошат ли сите 500.000 Синовак вакцини

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Никогаш толку многу вакцини немало во земјава во исто време и на исто место. Денеска доаѓаат 500.000 вакцини од кинеската Синовак. 

Но, кои се информациите што досега ги знаеме за вакцините на овој кинески производител.

Уште кога беше најавено нивното доаѓање, министерот за здравство Венко Филипче ја увери нацијата дека тие имаат ефикасност не над 50 отсто, туку над 70 проценти, како и дека се целосно безбедни.

Со стигнувањето на вакцините на Синовак, практично во земјава ќе има повеќе вакцини отколку што има пријавени лица на вакцинација.мк.

Од информациите што досега се достапни, се дека Светската здравствена организација на први јуни ја одобри кинеската вакцина Синовак за итна употреба, што е сигнал до националните регулатори дека и оваа втора кинеска вакцина е безбедна за употреба.

Исто така, овој потег дава можност оваа вакцина да биде вклучена во програмата Ковакс, за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји.

Во соопштението на СЗО се наведени резултатите од истражувањето поврзано со вакцината Синовак, која според овие податоци спречува 51 процент од појава на симптоматски болести и обезбедува стопроцентна заштита од потешки форми на заболување и хоспитализација. СЗО наведува дека вакцината Синовк е неактивна, лесна за чување и како таква лесно достапна.

СЗО не препорача горна граница за употреба на вакцината.

Европската агенција за лекови во мај започна тестирање на Синовак, врз основа на претходните тестови кои покажаа дека произведува имунолошки одговор против коронавирусот.

Тоа е прва кинеска вакцина тестирана од ЕМА со овој метод. Таквиот метод им овозможува на истражувачите да ги потврдат податоците дури и пред да бидат објавени конечните резултати, што го забрзува процесот на одобрување.

Вакцината Синовак покажала ефикасност меѓу 50 и 90 проценти во различни студии и во моментов е одобрена за употреба во Кина, Индонезија, Бразил и Турција.

Вакцината содржи неактивирани верзии на коронавирусот што му помагаат на телото да создаде имунолошки одговор.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра