ЕК препорача да се почнат преговори со Македонија
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2018
Европската комисија соопшти денеска дека во овогодишните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија.
„Одлуката е во рацете на Советот на ЕУ. Ние ја завршивме нашата работа“- вели портпаролот на Комисијата.
Во вторник следната недела е предвидено Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на
седница во Луксембург. Се очекува тогаш министрите да одлучат дали ЕУ ќе почне нови
преговори.