28 Март, 2024
0.0371

Екологистите бараат навремена акција за загадувањето, во зима ќе биде алармантно

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Во Европа само БиХ е позагадена земја од Македонија.

Нашата земја е втора, БиХ е прва, Косово е трето, Бугарија е четврта, а Србија е петта. Од балканските земји Хрватска е на 7 место, а Романија на 9 место.

Анализата што ја спроведоа швајцарската организација „Ај-кју ер“, која собира податоци за квалитетот на воздухот ширум светот, и меѓународната организација „Гринпис“, покажува дека Македонија била втора земја во Европа, според просечната загаденост на воздухот во 2018 година.

Овие податоци укажуваат на екстремна загаденост на Балканот. Ако погледнеме по градови најзагадени се босанските градови, Лукавац, Живинице и Грачаница, а зад нив е Тетово. На 6 место е Сараево, а зад него е Куманово. На 8 место е Битола, а 10 е Тузла, додека Скопје е 12-то. На 14-то место се најде Приштина.

Ако погледнеме статистика во светски рамки, тогаш БиХ е 14-та, а Македонија 15-та најзагадена земја по светот, а зад нив се редат и другите држави од регионот.

Екологистите сметаат дека вина има кај граѓаните и институциите за ваквата состојба.

„Свеста на луѓето е на многу ниско ниво,  но и институциите треба да го сфатат проблемот сериозно. Мора да има повеќе инспектори на терен. Да има повеќе корпи за смет по градовите. Сите знаеме дека во Франција и Германија луѓето имаат дисциплина поради казните, да не се лажеме. Јас сметам дека и Штип е загаден град како Тетово и Скопје. Мораме да имаме плански депонии во регионите во државата. Кога ќе ги имаме нив и кога ќе бидеме на ниво да се селектира оптадот, тогаш ќе имаме ефекти. Се палат гуми, смет, тоа чади и секако дека го загадува и воздухот. Во Холандија имаат многу добра пракса, тие автомобилските гуми не ги палат, туку ги сецкаат и ги искористуваат, и ние секогаш кога сме повикани некаде, тоа го кажуваме како пример“, вели Јорданка Калајџиеска, од еколошкото друштво Виножито од Штип.

Нестор Јаулески, еколог и професор по билогија од Струга вели дека во секој регион има еколошки проблеми, но треба да се утврдат приоритетите.

„Ние немаме одржлив и функционален систем за управување со отпад, и срамота е во 21 век тоа да го немаме, а да се занимаваме со милион други неважни работи“, вели тој.

Според него најалармантно е во Скопје и Тетово и таму мора да се направи нешто. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6