24 Април, 2024
0.0334

ЕКОЛОШКАТА ТАКСА НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ ЌЕ УДРИ ПО СТАНДАРДОТ - Владата со зголемена давачка од 3,5 денари

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на еколошката такса за горивата нема драстично да ја намали потрошувачката, но зголемените цени негативно ќе влијаат на стандардот на граѓаните. Експертите посочуваат дека ова зголемување во момент кога расте цената на суровата нафта на светските берзи, а граѓаните и стопанството се уште чувствуваат последици од економската криза предизвикана од пандемијата, дополнително ќе го зголеми товарот.

Од Стопанската комора на Северна Македонија за Фактор велат дека таксата ќе ги зголеми трошоците на работењето и ќе ја намали конкурентноста. А додека стопанството пресметува каков ќе е конечниот ефект, премиерот Зоран Заев кој во претходните два дена ја најави и ја дообјаснуваше еколошката такса вели дека со ова нема да се подгрее инфлацијата, а Владата на ваков начин ќе ги зголеми буџетските приходи со влог во Еколошки фонд кој ќе промовира искористување на обновлви извори на енергија.

Стопанствениците, велат од комората, се свесни иднината носи нераскинлива врска помеѓу водењето на бизнисот и водењето на државните економски политики, од една страна, и грижата за животната средина и почитувањето на стандардите за најзина заштита, од друга страна. Сепак очекуваат раст на цените и трошоците. Бараат расправа за прашањето.

„Имајќи предвид дека енергенсите се неизбежна ставка во работењето на компаниите, сосема е јасно дека зголемувањето на еколошка такса од 3,5 денари, ќе ги зголеми трошоците на работењето и со тоа ќе ја намали ценовната конкурентност на домашните производи.  Заради тоа цениме и побаравме од Владата на РС Македонија да се отвори расправа со Коморите за ова прашање, што е и прифатено. Очекуваме во текот на следната недела на заедничка средба да се отвори расправа по Одлуката за зголемувањето на еколошка такса, стои во одговорот од комората за Фактор.

Професорот Трајко Славески, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии вели дека една од целите на зголемувањето ќе биде исполнета, односно приходите по тој основ ќе се зголемат. Сепак, според него, несомнено ова ќе го намали стандардот на граѓаните. 

„Поради релативно ниската еластичност на побарувачката за горива кај нас, зголемувањето на цените до одреден степен не влијае на намалување на потрошувачката. Секако, зголемените цени негативно ќе влијаат на стандардот на граѓаните и ќе ги зголемат трошоците за транспорт на стоки и патници. Дополнително, евентуалното воведување на оваа нова давачка доаѓа во изразито неповолен момент кога цената на суровата нафта на светските берзи е висока и се очекува нејзин натамошен раст, што може дополнително да ги зголеми малопродажните цени на горивата, вели Славески.

Фактор објави дека државата и досега наплатуваше еколошка такса, но давачката беше многу помала. При прeсметувањето на конечната цена на горивата Регулаторната комисија за енергетика пресметува еколошка давачка која во моментов за секое гориво има различна висина, но за сите не чини ниту денар, туку многу помалку. 

Имено, за бензините изнесува 0,08 денари, за дизелот 0,03 денари, за екстралесното масло за домаќинство 0,04 денари, а за мазутот е 0,05 денари. Сега, според новиот предлог за сите горива оваа нова давачка ќе изнесува 3,5 денари што значи дека зголемувањето на таксата е за 4,275 проценти кај бензините или за 43,7 пати.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска