21 Јануари, 2020
0.0188

Г-7 самит: Економија, безбедност и климатски промени

Објавено во: Свет 25 Август, 2019

Под мотото „Борба против нееднаквостите“ и во пресрет на невидени разлики, лидерите на земјите учеснички на Г-7, ќе бараат компромис за глобалните економски и климатски прашања.

Трговската војна, пожарите во џунглата во Амазон, такси на интернет гиганти, климатските промени, Брегзит, сите жешки и контроверзни теми се на агендата на состанокот на лидерите на водечките светски економии.

„Сакам оваа средба на Г-7 да биде корисна“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во специјалното телевизиско обраќање до Французите. Тој вети дека ќе стори сé за да донесе конкретни одлуки.

Макрон вети конкретни инвестиции за заштита на шумите и океаните. Во обид да се реши несогласувањето, тој оствари прелиминарна импровизирана средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Разговорите меѓу Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон, исто така, се сметаа за клучни. Повеќето лидери се претпазливи во врска со резултатите од состанокот.

За безбедноста на водачите, Бијариц бил опкружен и чуван од 13.000 полицајци. Недалеку од областа, илјадници демонстранти марширале против средбата на Г-7.

Г-7, односно Група Седум е организација составена од седум држави со најголеми, т.н. напредни економии во светот: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.


Фото You tube

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКААТ ДА БИДАТ СВЕТСКА ДЕПОНИЈА: На четири богати земји им враќаат 150 контејнери отпад

НЕ САКААТ ДА БИДАТ СВЕТСКА ДЕПОНИЈА: На четири богати земји им враќаат 150 контејнери отпад

(ВИДЕО+ФОТО) СНЕГ ДО ПОКРИВИТЕ: Копаат тунели за да излезат од дома

(ВИДЕО+ФОТО) СНЕГ ДО ПОКРИВИТЕ: Копаат тунели за да излезат од дома

(ФОТО) Двајца мажи и жена бездомник загинаа во снежно невреме во Шпанија

(ФОТО) Двајца мажи и жена бездомник загинаа во снежно невреме во Шпанија

(ВИДЕО) ПОЖАРИ, ПЕСОЧНА БУРА, СЕГА ГРАД КАКО ТОПЧЕ ЗА ГОЛФ: Силно невреме во Австралија

(ВИДЕО) ПОЖАРИ, ПЕСОЧНА БУРА, СЕГА ГРАД КАКО ТОПЧЕ ЗА ГОЛФ: Силно невреме во Австралија

(ФОТО) СЕЛО ПОСЛЕ ВУЛКАНОТ: На жителите им е забрането да се бранат

(ФОТО) СЕЛО ПОСЛЕ ВУЛКАНОТ: На жителите им е забрането да се бранат

Снежно невреме го блокираше Техеран

Снежно невреме го блокираше Техеран

НЕ Е САМО ГРЕТА: Во Давос доаѓаат и други активисти тинејџери

НЕ Е САМО ГРЕТА: Во Давос доаѓаат и други активисти тинејџери

Европски град ќе ги плати долговите на младите

Европски град ќе ги плати долговите на младите

Русите на Водици влегуваат во вода на минус 30 степени

Русите на Водици влегуваат во вода на минус 30 степени