24 Април, 2024
0.0280

Компаниите од земјава пред Полската бизнис заедница

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Македонските компании ќе може да се претстават пред бизнис заедницата во Полска. На 4 јули на Самитот на Западен Балкан во Познањ, за прв пат во исто време ќе се оддржи и Бизнис форум со 16 земји, соопштија на денешната прес конференција во Стопанската комора на Македонија претставници од Полската агенција за инвестиции и трговија.

Форумот под мотото „Растеме заедно“  е одлична можност за компаниите од Западен Балкан, посебно за фирмите од Северна Макеоднија, истакна Кристоф Прзилуцки, шефот на канцеларијата на Полската агенција за инвестиции и трговија на Софија.

„Ги покануваме сите компании од Северна Македонија да земат учество на овој Бизнис Форум. Оваа ќе биде одлична можност за фирмите да се сретнат со бинис заедницата на Полска.  Учеството на форумот е бесплатно, слободно ќе може да се претставите со вашите материјали или  видеа“, потенцираше Прзилуцки.

Според Камил Хишка, координаторот на Бизнис форумот, овој настан е прв чекор за соработка помеѓу Полска и Македонија.

„На 4 Јули Познањ ќе биде центар на економскиот живот од Европската унија и Западен Балкан. Темите на кои ќе се разговара се разделени во три сектори:  Дигитализација и ИТ, земјоделство и прехрамбена индустрија и енергија “, истакна Хишка.

Претставниците од Полската агенција за инвестиции и трговија велат дека на овој Бизнис форум очекуваат голем дел од Македонските компании да земат учество и да се претстават пред Бизнис заедницата во Полска.



Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?