ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Кои држави грабаат напред?
Објавено во: Економија, Балкан 14 Јули, 2017
Во првиот квартал од 2017 година Србија има најнизок економски раст во регионот од 1.2%, објави компанијата Bisnode.
Словенија е прва во регионот со раст од 5.3%, а зад неа е Хрватска со 2.5%, додека за БиХ уште нема податоци.
Eкономската активност во Србија и Хрватска се намалила.
Невработеноста во Србија е 15.2%, а во Хрватска 13.2%.
Словенија има 9.8% невработени, а во БиХ невработени се 22.9% од населението.
На годишно ниво најмногу поскапеле намирниците во Србија и тоа за 3.6%.