Екс-директорот на ЕСМ,Васко Ковачевски, избегал од земјата
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024
Васко Ковачевски иако е осомничен во денешната голема акција на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и МВР, сепак се дознава дека тој избегал од земјата за да не биде уапсен.
„Фактор“ неофицијално дознава дека е побегнат во Австрија, или во Хрватска, но за тоа допрва се чека потврда евентуално од Обвинителството или од полицијата.
Според информациите, осомничениот Ковачевски од октомври е надвор од државата.
Досега се приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј.
Тој е осомничен дека со неговиот наследник во ЕСМ, Васко Стефанов, формирале злосторничко здружение и со злоупотреби на службената должност се стекнале со противправна корист.