20 Април, 2024
0.0877

Екс директорот на УЈП, Горан Трајковски, доаѓа на кормилото на Еуростандард банка

Објавено во: Финансии 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Горан Трајковски, поранешен директор на Управата за јавни приходи, седнува на кормилото на Еуростандард банка. 

На наеговата позиција во банката претходно долги години беше Николче Петковски.

Доаѓањето на Горан Трајковски на челната позиција на Еуростандард банка, во интервју за Фактор ја потврди сопственикот на банката, Трифун Костовски

Трајковски, како што објасни Костовски, засега делува како втор генерален директор, но веќе е предложен за местото прв човек на банката. Набргу ќе се одлучи и кој ќе го заземе местото втор генерален директор. 

„Сега за сега како втор генерален директор делува Горан Трајковски, а веќе е предложен да добие место прв генерален директор. А за вториот генерален директор овие денови треба да одлучиме. Најверојатно ќе биде еден од вработените во банката. Имаме неколку кандидати, но најмногу се издвојува еден сериозен кандидат, кој и со искуството, и со лојалноста кон банката, сметам дека би бил идеален за генерален директор“, вели за Фактор Костовски.

Костовски смета дека банката, со доаѓањето на Трајковски на челната позиција, ќе добие многу.

„Тој е овде, и сметам дека со неговото доаѓање банката добива многу. Тој е тука од средината на мај, но од претходното раководство беше на извесен начин ставен во „шок соба“, што значи дека активно е тука неполни четири месеци, и сметам дека резултатие се видливи со неговото доаѓање“, објаснува Костовски.

За претходното раководство вели дека не сака да коментира, но ќе се поведе постапка за легитимноста на нивните одлуки, пред се заради лошите пласмани, кои Еуростандард банка ја доведоа до загуби.

Костовски во интервјуто објаснува дека банката објективно минувала низ еден тежок период. 

„Тогаш влеговме во преговори и потпишавме спогодба за евнтуално меѓусебно договарање со Комерцијална банка за наше преземање. Меѓутоа, не се најдовме тука, и едноставно секој тргна по својот пат. Денеска банката е веќе стабилизирана, докапитализирана, таа е функционална, и очекувам дека со тек на време ќе ги надминеме сите оние лоши пласмани во правни лица. Имаме нов менаџмент, кој треба да биде комплетиран до крајот на оваа година, кој ќе ја преземе работата на банката“, вели Костовски. 

Горан Трајковски раководеше со УЈП за време на претходната владејачка гарнитура.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин