18 Април, 2024
0.0256

Екс шефица на кабинет на ДЗС доби кривична пријава

Објавено во: Македонија 24 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешна шефица на кабинет во Дирекцијата за заштита и спасување заработи кривична пријава по сомнежи дека ја злоупотребила функцијата. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против М.Х од Скопје која се сомничи дека ги злоупотребила службената положба и овластување.

„Пријавената во 2008, 2013, 2014 и 2015 година во својство на службено лице – Шеф на кабинетот во Дирекцијата за заштита и спасување – Скопје, спротивно на членовите 45, 46 и 47 од Законот за пожарникарство, изготвила и издала „Овластување за одржување , сервисирање и испитување на противпожарни апарати“ и „Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси“ на правни лица од Гевгелија и Валандово“, соопшти МВР.

Таа исто така, издала и Потврди за положен стручен истит на повеќе физички лица, кои за возврат и давале паричен надомест, од кои дел бил уплатен на нејзина сметка, а дел и бил даден на рака.

„На тој начин М.Х. се стекнала со материјална корист, а на штета на Дирекцијата за заштита и спасување Скопје“, соопшти МВР.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари