22 Септември, 2020
0.0286

Ексклузивна репортажа од Давос за Фактор: Како земјите го користат Давос за да привлечат странски инвеститори?

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2020

Светскиот економски форум е најмоќната конференција во светот. Но иако климатските примени се во фокусот, она за што доаѓаат сите се нови бизнис контакти, нови релации, можности за соработка, инвестиции.

Паралелно со Форумот, дел од земјите учесници се фокусирани и на собирање и привлекување на инвеститорите да ги посетат своите куќи. Велам куќи бидејќи тука нема штандови. Ова е форум на највисоко ниво каде доколку сакате да се претставите потребно е да закупите простор и тоа на највисоко ниво.

Русија, Украина, Швајцарија, Саудиска Арабија, Полска, Индија, Јужна Кореа се само дел од куќите кои можат да се забележат на Променадата.

Речиси сите од нив соработуваат со медиум и дел од настаните се одржуваат токму во нивните куќи. 

Но, овие куќи не се никогаш празни, агендата за четиридневниот настан е исполнета со бројни панел дискусии, паралелни конференции, забави, традиционални евенти. Во куќата на Јужна Кореа има дури и бесплатен Старбакс ресторан. Земјите прават се само за да ве привлечат да влезете кај нив.

Додека ја пишувам колумната ми стигна потсетување дека вечер на завршната забава во куќата на Украина ќе има настап Руслана.

Освен куќи, традиционално земјите организираат и вечерен собир, а уште поголема е честа ако гостин на собирот ти е токму основачот на Светскиот Економски Форум.

Најмоќниот човек на Форумот, а воедно и основачот Клаус Шваб ја отвори Индонезиската вечер со што им даде особено значење и предизвика лавина од овации.

Шваб изјави дека е пресреќен бидејќи за него Светскиот Економски Форум станал место за јавни и приватни партнерства. 

Во својот говор ја потенцираше соработката на Индонезија со Светскиот Економски Форум и наведе дека во јули месец ќе ја посети Индонезија бидејќи таму ќе се одржи Азискиот Економски Форум дел од Светскиот Економски Форум.

Што значеше посетата на Шваб за 300 инвеститори, бизнисмени, иноватори во салата?

Одлучете сами.

За Фактор од Давос, Аријана Коскарова, Форбес под 30 и спикер на годинешниот форум во Давос


Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

НАРОДНА БАНКА: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

ГОЛЕМА РАЗЛИКА: Дојденците во Германија земаат помали плати од Германците

ГОЛЕМА РАЗЛИКА: Дојденците во Германија земаат помали плати од Германците

Просечната нето-плата повторно над 27.000

Просечната нето-плата повторно над 27.000

ОД НОЌЕСКА ПОСКАПИ ГОРИВА - бензините одат нагоре за два денари, дизелот за половина денар

ОД НОЌЕСКА ПОСКАПИ ГОРИВА - бензините одат нагоре за два денари, дизелот за половина денар

Генералниот директор на ТАВ заминува од Македонија

Генералниот директор на ТАВ заминува од Македонија

ССК предлага 25 мерки за помош до државата

ССК предлага 25 мерки за помош до државата

ДИРЕКТОРОТ ВО ФОРБС, РЕНДАЛ ЛЕЈН, ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР: А зошто не би можел некој нов Фејсбук да никне во Македонија

ДИРЕКТОРОТ ВО ФОРБС, РЕНДАЛ ЛЕЈН, ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР: А зошто не би можел некој нов Фејсбук да никне во Македонија

Во Македонија ќе се регулира работењето од дома, но во 2021

Во Македонија ќе се регулира работењето од дома, но во 2021

ЛДП: „Викенд без ДДВ“ во наредните недели

ЛДП: „Викенд без ДДВ“ во наредните недели