13 Декември, 2024
0.0264

ЕКСКЛУЗИВНО: По долги преговори, „Пуцко Петрол“ на Јахоски го купи земјиштето на „Алумина“ за 18 милиони евра

Објавено во: Економија 22 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Голема трансакција се случила пред околу две недели во земјава. По долги преговори, нафтената компанија „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“, од околу 42 илјади метри квадратни.

Според сознанијата на Фактор, за ова земјиште, кое се досега беше во сопственост на израелската компанија „Газит глоуб“, од „Пуцко Петрол“ платиле сума од 18 милиони евра, но со платените даноци и другите давачки, всушност оваа зделка ја чинела компанијата околу 24 милиони евра.

Инвестицијата за Фактор ја потврди и првиот човек на компанијата, Асмир Јахоски.

Асмир Јахоски е син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и сегашен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски. Во моментов, Асмир Јахоски е целосен сопственик на „Пуцко Петрол“, односно тој поседува 100 отсто од акциите на компанијата.

За Фактор, Асмир Јахоски вели дека во време на глобална пандемија и економска криза, компанијата решила да инвестира дома. Целта, според него, е да се ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите.

„Во време кога светот запре, кога фирмите се на голем удар од кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, нашата компанија ќе го урбанизира овој простор. Целта е да се даде репрезентативен изглед на овој дел на Скопје, следејќи ги секако енергетско-ефикасните трендови во Европа“, вели Јахоски за Фактор.

Јахоски потврдува дека по долги преговори, зделката е склучена со израелската компанија „Газит Глоуб“, која го поседуваше ова земјиште.

Во наредниот период, според неговите најави, ќе следат длабински анализи и долг процес на планирање за идната инвестиција.

Од „Пуцко петрол“ засега не откриваат премногу детали за тоа што ќе се гради на ова земјиште, но не се исклучува дека ќе има станбени згради и деловен простор. Сепак, оттаму се децидни дека воопшто не се планира и нема да се дозволи неконтролирана градежна експанзија, туку напротив, ќе доминира зеленилото.

Бензинска станица, како што тврдат од „Пуцко Петрол“, нема да се гради на тоа земјиште, иако тоа е основната дејност на компанијата.

„Бенефит ќе има за целиот град, но и за општината Карпош која ќе добие модерен и зелен комплекс, надвор од сообраќајниот метеж“, вели Јахоски.

Според него, инвестицијата која би се случила на овој простор, се проценува на 150 милиони евра.

Фактор комуницираше и со општина Карпош, од каде велат дека немаат информации за оваа трансакција. Објаснуваат дека станува збор за приватно земјиште, и општината со овој случај нема врска, бидејќи таа може да продава само државно земјиште.

Единствено објаснувањето е дека што и да се гради, ништо од тоа не би можело да се случи преку ноќ, туку ќе биде потребно да се носи нов детален урбанистички план, бидејќи претходниот е укинат од Уставен суд.

Инаку, „Пуцко Петрол“ е компанија основана во 1991 година, а работи на трговија на големо, со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.

Според Клуб 200, „Пуцко Петрол“ во 2019 година имала приход од 46,4 милиони евра, и раст на приходот од 13,48 проценти. Нејзината добивка во таа година изнесувала 2,8 милиони евра. Компанијата има 164 вработени.

Инаку, компанијата во неколку наврати добиваше државни тендери за снабдување со гориво. На ова, Асмир Јаховски тврди дека се е чисто и согласно законите, како и дека проверката на тоа е работа на надлежните органи во земјава.

Инаку, како што своевремено пишуваа медиумите, израелската компанија „Газит глоуб“ преку својата филијала основана во Македонија „Г-Македонија“ на 30 јуни 2008 станала сопственик на фабриката „Алумина“ и на земјиштето каде што таа е лоцирана. „Газит глоуб“ бил единствениот наддавач во петтиот обид за продажба на објектот. Компанијата понудила цена за 20 отсто поголема од почетната, на тој начин обезбедувајќи поголема наплата на кредиторите на „Алумина“. Израелската компанија ја купи поранешна „Алумина“ за 22 милиони евра. 

„Газит Глоуб", според медиумите, планирал да инвестира 100 милиони евра во резиденцијално - комерцијален центар, кој требало да содржи и луксузен хотел и деловни згради. Но, таа инвестиција не се реализираше.

Сега оваа израелска компанија, како што дознаваме, си заминува од земјава.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

Оптимистички кон крајот на одличната берзанска година

Оптимистички кон крајот на одличната берзанска година

Интервју Брано Ѓуровиќ, извршен директор на ONE Албанија: „Поинаков пристап на 4iG, носи подобрување на мрежната инфраструктура“

Интервју Брано Ѓуровиќ, извршен директор на ONE Албанија: „Поинаков пристап на 4iG, носи подобрување на мрежната инфраструктура“

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

БАНКРОТИРАА ПО 200 ГОДИНИ - беа претставници на најпознатите парфеми

БАНКРОТИРАА ПО 200 ГОДИНИ - беа претставници на најпознатите парфеми

КОЈ ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „ТЕТЕКС“ - блок трансакција со акциите на тетовскиот комбинат

КОЈ ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „ТЕТЕКС“ - блок трансакција со акциите на тетовскиот комбинат

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска