24 Април, 2024
0.0991

ИНТЕРВЈУ СО ЏОН БОЛТОН, ДИРЕКТОР НА „ЛИБЕРТИ СТИЛ“

ЕКСКЛУЗИВНО Болтон: Ќе го зголемиме производството на Арцелор Митал, за квотите да помогне и Владата

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Планираме да го зголемиме производството во Арцелор Митал за 30 проценти во следниот период, а компанијата во Скопје ќе ја промовираме во фабрика која ќе биде привлечна за млади и квалификувани кадри, вели во ексклузивно интервју за Фактор, Џон Болтон, главен извршен директор на лондонската компанија „Либерти стил“. Таа компанија минатата година даде понуда за купување на капацитетите на Арцелор Митал во Македонија, Чешка, Романија и Италија. Болтон вели дека очекува операцијата за превземање да финишира во првиот квартал годинава. Самиот има долго искуство во оваа индустрија, а трансакцијата се прави во време на комплицирани трговски врски во светот кога алуминиумот и челикот се во прашање. Вели дека македонската Влада треба да разговара со Европската Унија во однос на воведените квоти. За трансакцијата се чека одобрувањето од Европската Комисија.

Болтон: Процесот се одвива многу добро во моментов. Дадовме понуда, во последните два-три месеци ги посетувавме сите компании, разговаравме со менаџментот на овие компании, разговаравме со синдикатите и нивните претставници, вработените, акционерите и правевме дополнителни анализи за бизнисот. Официјално зборувавме и со Европската Комисија, тие треба да ја одобрат трансакцијата и очекуваме тој процес да заврши наскоро.

Кога најоптимистички го очекувате решението на ЕК и како практично дојде до тоа да ја купите оваа компанија, која е позадината?

Болтон: Очекувам трансакцијата да биде завршена во првиот квартал оваа година, но не можам да прецизирам точно. А како дојде до ова. Вие знаете Арцелор Митал имаше спојување со италијанската челичарница „Илва“ што доведе до истрага од ЕК поради концентрација и конкурентност. Арцелор Митал затоа требаше да најде купувач за капацитетите во Острава Чешка, Галац Романија, но и во Скопје, Италија, Белгија и Луксембург.


Да, ја купувате и компанијата овде во Скопје. Како гледате на оваа фабрика, кои се вашите планови?

Болтон: Имавме средби овде, ја разгледавме компанијата, разговаравме со менаџментот, со вработените, нашиот впечаток е позитивен. Ова е добро менаџирана компанија, има добра опрема, многу добро знаење за пазарот и за операциите. Затоа нашите очекувања, нашата цел како и секаде е да се позицинираме каде пазарот дозволува раст на бизнисот. Тие моментно оперираат со волумен од 190.000 тони, сакаме да го зголемиме тој волумен за 30 проценти. Нашата улога овде е да се поддржи тој раст исто така.

Колку е вредна транскацијата впрочем? Дали планирате нови инвестиции, нови вложувања, нови вработувања?

Болтон: Компанијата веќе има план за раст кој е солиден. Ние во првите 100 дена ќе анализираме па ќе видиме дали треба да се преиспита планот за инвестиции, но моментно не можеме да одиме во детали. Сакаме да порасне бизнисот, односно волуменот за 20 до 30 проценти, да се користат сите линии. Веруваме дека со време европскиот пазар може да биде снабдуван со производи од Македонија. Домашниот пазар расте и има дополнителна можност за раст. Тоа е позитивен чекор. Може да ја интегрираме компанијата овде со операциите во Источна Европа и тоа секако ќе има занчаен економски импакт за Македонија. Ако создадеме атрактивна компанија која расте, моите очекувања се дека ќе привлечеме луѓе да работат за нас.


Македонската економија е мала и отврена и често ранлива кога глобалните процеси се во прашање. Моментно државата е на еден крстопат пред ЕУ и НАТО интеграциите, но и во процес на значајно иселување на млади и квалификувани кадри. Колку интеграцијата ќе ја зголми конкурентноста и дали сметате дека ќе обездите квалитетен кадар?

Болтон: Да, Македонија е во еден интересен период, како што рековте на крстопат, но со потенцијал за позитивна иднина. Мислам дека, ние може да ги охрабриме вработените и тие кои поседуваат вештини да останат затоа што можеме да презентираме позитивна иднина за бизнисот. Ќе бидеме јасни, ќе работиме со менаџментот овде и со синдикатот да создадеме атрактивна иднина и да ги убедиме потенцијалните вработени дека има иднина за младите тука.

Глобално, трговската војна меѓу САД и Кина се рефлектираше и во Европската Унија. Квотите за извоз се однесуваат точно за алуминиум и челик. Зошто правите ваква операција во ваков период и како мислите дека тоа ќе се одрзаи на оваа компанија и на Македонија конкретно?

Болтон: Тоа е добро ама и комплексно прашање. Да, има предизвик во моментот. Европската Унија беше засегната од трговските мерки на САД и реагираше со слични контрамерки, пропорционално. Кога Македонија е во прашање, има квоти за ЕУ. Важно е македонската Влада да работи со фабриката овде, да се влијае во ЕУ и да се овозможи Макеоднија да тргува слободно и во фер услови. Треба да се земе в предвид и дека увезувате од ЕУ, произведувате овде и пак го продавате во ЕУ, значи тоа ќе има влијание и за ЕУ исто така. Тешка и комлицирана ситуација е секако, но мислам дека ако Владата работи заедно со компаниите и со ЕУ, решението ќе се најде.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата