18 Април, 2024
0.0544

ЕКСПЕРТИ СОВЕТУВААТ: Ова е најголемата грешка што може да си ја дозволите на интервју

Објавено во: Стил 04 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Конкурирате за работа од соништата, ве повикуваат и ви закажуваат интервју. Интервјуто поминува добро според ваше мислење. И тогаш ... те отфрлаат.

Се разбира, можеби имало повеќе квалификуван кандидат од вас. Но, можеби сте одбиени поради правење грешки во интервјуто што не сте ги забележале.

"Често се среќавам со навидум соодветни луѓе кои сепак запаѓаат во непотребни, досадни, ирелевантни детали - и така ме губат како слушател", вели Џудит Јансен, експерт по "Човекови ресурси" во Global Platform Organisation (GPO), која има 450 вработени во 19 земји ширум светот.

Според неа, ова е една од најголемите грешки на кандидатите. Наместо општи приказни, тие треба да даваат повеќе конкретни информации за себе и да одговараат точно на прашањата на прашувачот, а не да зборуваат работи кои само на нив им се чинат важни.

Друг вид иритирачко однесување според Јансен е кога кандидатот почне да "навира" во лицето на интервјуерот одреден со дел од биографијата со цел да се истакне. Никој не сака да слуша два часа за вашето патување во Јужна Америка, на пример.

"Не кажувајте го само она што мислите дека сакаат да го слушнат. Кога ви постават прашање, одговорете точно и потоа најдете соодветен, паметен начин да вметнете нешто што многу сакате да знаат за вас", додава експертот.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре