25 Април, 2024
0.0285

ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Неколку сектори се постојано на удар

Објавено во: Економија 14 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Eксплоатација на трудот и повреда на основните права на работниците највеќе има во текстилната, кожарската индустрија, угостителството, земјоделството и градежништвото.

Овие индустрии се препознато како сектори  со слаби колективни права, велат од Отворена порта-Ла Страда.

„Во 2016 се спроведе и Компаративна студија во 6 земји (Полска, Романија, Словачка, Албанија, Македонија и Босна & Херцеговина) со цел утврдување на работните услови, висината на платите и спроведувањето на законите во земјите. Главен заклучок од студијата е дека работниците во сите шест земји заработуваат исклучително ниски плати кои не се доволни за покривање на нивните основни потреби или на нивните семејства. Во овие земји, минималната плата е далеку од тоа да обезбеди пристоен стандард за живот на работниците и нивните семејства. Во сите истражувани земји, јазот помеѓу проценетата плата доволна за живот и законски утврдената минималната плата е голем“, вели Марија Тодоровска, програмски директор на Отворена порта-Ла Страда.

Работниците се жалеле на неплатена прекувремена работа, тешкотии за користење на годишен одмор, неплатено задолжително социјално осигурување, многу  високи и ниски температури во фабриките, но и здравствени ризици поради токсични супстанции на работното место.

„Има случаи  на работниците кои не добиле минимална плата за редовно работно време или пак биле приморани да вратат дел од платата. Работниците не пријавуваат злоупотреби или прекршување на нивните права бидејќи се плашат дека ќе го изгубат работното место или се плашат од санкциите од страна на работодавачите. Синдикалната организираност е особена слаба во ризичните сектори, но исто така постои и генерално недоверба на работниците во синдикатите и надлежните институции односно Трудовиот инспекторат. Секое прекршување на работничките права треба да се пријави во Трудовиот инспекторат или во здруженијата на граѓани  кои обезбедуваат поддршка на работниците како на пример  Гласен Текстилец и Отворена порта“, додава Тодоровска.

Таа објаснува дека за спречување на експлоатацијата потребно е спроведување на постоечките закони, особено Законот за работни односи (плаќање на прекувремена работа, државни празници,  годишен одмор итн.) и Законот за безбедност и здравје при работа. Потребно е обезбедување на поголема заштита на работникот, подобрување на работните услови и да се осигура дека работниците ја остваруваат законската минимална нето плата.

Важно е применување на построги казни за работодавците при кршење на работничките права, принудна работа, експлоатација и мобинг.

Важно е работниците навремено да се информираат  како да ги практикуваат своите работнички права загарантирани со Конвенцијата на МОТ и други релевантни конвенции за човекови права. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија