„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2025 20:16
Кириите во 14-те најголеми градови во Германија се зголемиле во просек за речиси 50 проценти од 2015 година, покажуваат податоците. Берлин забележа најголемо зголемување на цените, каде што цените на новите закупи се зголемија повеќе од двојно.
Податоците на институтот BBSR се однесуваат на понуди за станови помеѓу 40 и 100 квадратни метри достапни на Интернет, пренесува dpa.
Минхен сè уште се смета за најскап град, со цена што достигнува речиси 22 евра за квадратен метар.
Следи Берлин со речиси 18 евра и Франкфурт со околу 16 евра за квадратен метар.
Најголем раст на кириите имаше во Берлин, 107 проценти, Лајпциг, 67,7 проценти и Бремен, 57 проценти.
Цените најмалку пораснаа во Дрезден - 28,4 проценти.
foto EPA-EFE/CLEMENS BILAN
Можеби ќе ве интересира
Сите сакаат квадрат повеќе: Пазарот на недвижности „гори“ во Црна Гора

Ова се земјите со најголеми резерви на природен гас: Еве ги првите три

ЕВРОПЈАНИТЕ СЕ РАЗОЧАРАНИ: Трамп ги налути со царините

Неодржливи се високите цени на кафето: Експертите предвидуваат пад на потрошувачката и „рушење“ на цените

Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство
Кои европски држави ќе бидат најпогодени од царините на Трамп?

САД СЕ НАЈДОА НА ПРВОТО МЕСТО: Ова се 10-те најголеми туристички економии во светот

КУЌИ ЗА 1 ЕВРО: Се продаваат во француско гратче, но со услови
