Експлодираше иранска база во Сирија - Голем број на жртви
Објавено во: Свет 15 Април, 2018
Во нов напад на сириска територија, овој пат на воена база на Иран во градот Алепо, загинаа најмалку 20 луѓе.
Почетните информации се дека дошло до голема експлозија, но засега нема потврда која е главната причина, дали напад од воздух или пак од копно, како и за тоа кој го извршил истиот.
Во зоната на експлозијата регистрирани се и авиони. Засега се претпоставува дека нападот може да е дело на Израел во Џабал Азан пределот во југот на Алепо.