ЕКСПЛОЗИЈА ГО ВОЗНЕМИРИ НОВИ САД: Бомба во возило на човек од подземјето
Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2020
Возило експлодираше во центарот на Нови Сад, во Србија, вечерва околу 19 часот, објави Радио-телевизија Војводина.
Експлозивна направа била поставена под автомобил, а белградскиот весник „Блиц” пишува дека експлодирал џип.
Првичните информации на некои новосадски медиуми се дека во инцидентот има повредени лица, а возилото е веројатно сопственост на Слободан Милутиновиќ(34), во српското подземје познат како „Снајпер”.
Бомбата била подметната под автомобилот на паркинг во непосредна близина на основно училиште.
Од експлозијата испукале прозорците во околните згради.