24 Април, 2024
0.0419

ЕКСПЛОЗИЈА НА БОЈЛЕР ЈА РАЗНЕСЕ ХЕМИСКАТА ФАБРИКА ВО КОЧЕВЈЕ-СЛОВЕНИЈА: Има најмалку 20 повредени, активиран е план за масовни несреќи

Објавено во: Балкан 12 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Најмалку 20 лица се повредени, од кои двајца потешко, во силна експлозија што утрово одекна во хемиската фабрика Меламин во центарот на Коцевје.

Полицијата го повика околното население да ги затвори прозорците и да не излегува надвор. Експлозијата била толку силна што ја почувствувале и жителите на околните згради.

Словенечките медиуми јавуваат дека сите екипи на Брзата помош се на терен, веднаш откако полицијата била известена за експлозијата во центарот на Кочевје во 8.35 часот. На лице место се интервентни служби кои спроведуваат итни мерки, а затворен е и главниот пат низ Кочевје, соопштија од Управата на полицијата во Љубљана, јавија словенечките медиуми. Според неофицијални информации на Радио Словенија, разнесен е бојлер. Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека во несреќата се повредени над 20 луѓе, а едно се здобило со тешки изгореници.

Децата затворени во училиштата

По експлозијата во хемиската фабрика, властите издале наредба децата во сите училишта да останат затворени во објектите, а вентилацијата била исклучена. Прво мислеле дека е земјотрес.

Градоначалникот на Кочевје Владимир Пребилич во кус разговор за Н1 вели дека се во вонредна ситуација. Затворен е главниот пат низ Кочевје, а полицијата апелира до населението да ги затвори прозорците и да не излегува надвор до дополнителни инструкции. Клиничкиот цетра- Љубљана активираше план за масовни несреќи.

Од Здравствениот дом Кочевје соопштија дека веднаш по експлозијата во хемиската фабрика „Меламин“, на терен се испратени сите расположливи екипи на брзата помош, а на местото на несреќата е испратен и хеликоптер.

Најмалку две тешко повредени лица ќе бидат префрлени во Универзитетскиот медицински центар Љубљана.

ФОТО: YouTube


Можеби ќе ве интересира

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра