Експлозијата во Бејрут остави 80.000 деца без покрив над главата
Објавено во: Свет 07 Август, 2020
По експлозијата во либанскиот град Бејрут 80.000 деца се бездомници.
Овие податоци ги објави УНИЦЕФ.
Од УНИЦЕФ рекоа дека заговараат повторно обединување на децата кои се одвоени од своите родители.
Спасувачките тимови и натаму ги пребаруваат урнатините на пристаништето во Бејрут по телата на настраданите, скоро три дена по страшната експлозија која уби најмалку 154 лица, а илјадници се повредени.
Десетици сè уште се сметаат за исчезнати, а бројот на ранети вчера беше над 5.000.
Околу 300.000 луѓе – повеќе од 12 % од жителите на Бејрут – не можат да се вратат во своите домови поради последиците од експлозијата. Силниот удар ги искрши прозорците и вратите ширум градот и многу згради ги остави празни. За повеќе од четвртина лица кои мораа да си заминат од своите домови се верува дека се деца.
Постои сомнеж дека странски фактор е вмешан во експлозијата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Жена се породила во разурната болница по експлозијата во Бејрут(ВИДЕО) Либанка позира во венчаница, експлозијата ја растури свадбата
ТРЕБАЛА ДА СЕ МАЖИ НАСКОРО: Жена пожарникар загина во Бејрут