ЕКСПРЕСНО Е ОСУДЕН: Момчето кажа зошто му удри шлаканица на Макрон
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2021
Демиjан Тарел (28) кој му удри шлаканица на францускиот поретседател Емануел Макрон во јужна Франција, доби 4 месеци затвор.
Нему му е забрането некогаш да има јавни функции во Франција и да поседува оружје пет години. Тарел на суд дека нападот бил импулсивен, непланиран и поттикнат од гнев поради „падот“ на Франција. Друг маж уапсен по шлаканицата, идентификуван од обвинителот како Артур Ц., ќе биде осуден подоцна, во 2022 година, за нелегално поседување оружје. Полицијата која извршила претрес во домот на Артур Ц., пронашла и книги за уметноста на војната, копија од манифестот на Адолф Хитлер „Мајн кампф“ и две знамиња, едно симболизирајќи ги комунистите и друго на руската револуција.