EКСТРЕМИСТИ ГАЗЕА ПЕШАЦИ ВО ОСЛО: Повредени се бебиња
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2019
Седуммесечни близнаци се повредени во инцидентот во норвешкиот град Осло.
Полицијата уапси маж и жена „за кои се знае дека се дел од екстремната десница“, откако киднапирале амбулантно возило, и намерно се втурнале на тротоарот за да ги прегазат пешаците. Возилото удрило во количка со две седуммесечни близнаци кои се полесно повредени.
32-годишниот маж и 25-годишната жена се обвинети за обид за убиство и поседување огнено оружје. Мажот при грабнувањето на брзата помош употребил пушка узи и пиштол. Полицијата кај нив открила и дрога.
Двојката го украла возилото во 12.30 часот, а потоа тргнале на она што очевидците го опишале како „лудo возење“ низ улиците на северната област Торшов. Според весникот Дагбладет, полицијата испукала десет истрели кон брзата помош. Потоа возилото удрило во зграда, по што полицијата ја скршила шофершајбната и го извлекла возачот неповреден. Жената е уапсена во 16 часот.