Ел Чека објави уште една „бомба“ за тоа како политичари реагирале кај уредник
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019
Кичевецот кој живее во Америка, познат под псевдонимот Ел Чека денес објави „бомба“ за лидерот на ДУИ Али Ахмети, овој пат во разговор со пратеникот и еден од неговите најблиски луѓе, Артан Груби. Ел Чека тврди дека тоа се нивни гласови.
Ел Чека пишува на социјалните мрежи дека се работи за координација помеѓу нив за вести што се емитуваат на МТВ 2, а кои не му се допаѓаат на лидерот на партијата Ахмети. Груби вели дека му се јавил на уредникот на вести за да го објасни случајот и изразува сомневање дека некој друг пред него ја објавил веста што не му се допаѓа на претседателот на ДУИ.
Eл Чека досега објави многу „бомби“ за лица од ДУИ.