28 Март, 2024
0.0252

Ел Салвадор го повлекува своето признавање на таканаречената “САДР”

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Владата на Ел Салвадор на 15 јуни објaви дека Ел Салвадор го повлекува своетo признавање на таканаречената “САДР“ и го поддржува територијалниот интегритет на Мароко.

Објавата беше направена за време на официјалната посета на Ел Салвадор од страна на Министерот за надворешни работи на Мароко, Насер Боурита.

“Владата на Ел Салвадор ја информира Владата на Кралството Мароко за својата одлука да го повлече признавањето на “САДР” и да прекине секаков контакт со нив”. Објавата дојде по заедничкото потпишување на изјавата од страна на Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Мароко, Насер Боурита и неговиот колега од Ел Салвадор, Александра Хил Тиноко, во присуство на Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле.

“За оваа одлука ќе бидат известени Обединетите нации и релевантните регионални организации” – се вели во заедничката изјава.

Исто така, во заедничкото соопштение се нагласува и дека “Владата на Ел Салвадор го поддржува интегритетот на Кралството Мароко и неговиот национален суверенитет, како и Иницијативата за автономија, како единствено решение за ова регионално несогласување”.

Oдлуката доаѓа по помалку од две седмици откако претседателот на Ел Салвадор рече дека неговата земја била во процес на повторно разгледување на релациите со Полисарио и признавањето на таканаречената Сахрави Арапска Демократска Република.

Одлуката на Ел Салвадор е новa препрека за Полисарио, чиешто раководство веќе подолго време врши лобирање во земјите од Латинска и Централна Америка за поддршка на нивните намери да основаат независна држава во јужно Мароко.

Претседателот на Ел Салвадор, кој е многу активен на социјалните медиуми, објави дека е правилна одлуката на неговата земја да престане да признава земја која не постои.

“Од овој ден, Ел Салвадор ги прекинува дипломатските врски со Фронтот Полисарио и повеќе не ја признава Сахрави Арапската Демократска Република“, рече тој.

“Toa e правилната одлука за Ел Салвадор. Ние престануваме да признаваме земја којашто не постои со што ги зацврстуваме нашите врски со Кралството Мароко, и ги отвораме вратите на арапскиот свет”, додаде тој.

Извор:

-  https://www.moroccoworldnews.com/2019/06/275934/el-salvador-recognition-sadr-polisario/amp/

-  http://multimedia.presidencia.gob.sv/watch_video.php?v=B66HD23UDN5R


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија