19 Април, 2024
0.0248

Елези: Се обезбедуваат средства за реновирање на студентски домови

Објавено во: Економија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Реновирање на студентски домови, пречистителна станица за отпадни води во Скопје, проширување на 4 системи за наводнување и поврзување на локални патиштасо должина до 450 километри се проекти кои ќе се финансираат преку договори со ЕБРД, ЕИБ и КфВ како и грант средства. Законите се во собраниска процедура, а денеска пратениците расправаа во Комисијата за финансирање и буџет. Заменик министерката за финансии Ширет Елези образлагајќи ги законите рече дека станува збор за проекти кои се дел и од четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка, како и дека за дел од проектите се обезбедуваат и грантови од финансиските институции.

Заменик министерката за финансии Ширет Елези образложувајќиго проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови рече дека има за цел заштеда на енергија и финансиски средства како и намалување на емисијата на штетни гасови.

Со него ќе бидат опфатени државните студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип. Тоа се студентските домови: Народен херој Орде Чопела – Прилеп, Кочо Рацин – Битола, Никола Карев – Охрид, Браќа Миладиновци – Штип, Томе Стефановски Сениќ – Скопје, Пелагонија – Скопје, Кузман Јосифовски Питу – Скопје. Паралелно со активностите за енергетски ефикасната рехабилитација на зградите, значаен дел од проектот ќе биде и реализацијата на активностите за обезбедување на основни услови за престој, со цел да се подобри местото за престој и учење на студентите.

Проектот ќе го имплементира Министерството за образование и наука, преку Единица за имплементација на проектот и целокупната имплементација се очекува да биде завршена за 54 месеци.

-Со проектот придонесуваме кон активностите за климатска заштита, преку заштеда на емисии на CO2, и со него ќе се подобрат основните услови за престој и учење на студентите. За да се овозможи реализација на овој проект, Република Северна Македонија и Кредитната банка за обнова - КфВ ќе склучат Договор за заем во износ од 20.000.000 евра, Договор за грант во износ од 4.785.067,88 евра, како и Посебен договор за имплементација на овој Проект - рече Елези.

Средствата за подобрување на условите во студентските домови се доделени под исклучително поволни услови, со рок за отплата од 15 години и вклучен грејс период од пет години.

Со Проектот за поврзување на локални патишта во износ од 70.000.000 евра, кој е дел од новата Country Partnership Framework - FY19-FY23 на Групацијата Светска банка ќе се подобри безбедноста на патиштата и ќе се поврзат оддалечените и загрозените заедници со што ќе се  зголеми достапноста на транспортната мрежа на локално ниво. Во 80 општини ќе се реализираат градежни активности за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици со вкупна должина до 450 км.

Образложувајќи го проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје“ , заменик-министерката Елези рече дека опфаќа изградба, работење и управување со станицата за третман на отпадни води која ќе опслужува не помалку од 500.000 жители во градот Скопје. Пречистителната станица за отпадни води ќе биде лоцирана во југоисточниот дел на општина Гази Баба во областа Трубарево. Целта на проектот е да се обезбеди примарен и секундарен третман на отпадните води во градот Скопје, со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата за третман на урбаните отпадни води на ЕУ. Средствата во износ од 136 милиони евра ќе се обезбедат од ЕИБ и ЕБОР како и со грант средства од ЕИБ преку Economic Resilience Initiative во износ од 10 милиони евра.

Програмата за наводнување на Северна Македонија опфаќа рехабилитација и проширување на 4 системи за наводнување по долината на реката Вардар (Страиште, Лисиче, Коњско и Пепелиште), како и изградба на мали хидро централи на ХС Лисиче. Програмата за наводнување на Северна Македонија, во износ од 110,7 милиони евра ќе се реализира со средства од два извори заем од Владата на СР Германија, преку КфВ, во износ од 80 милиони евра, грант средства од Владата на СР Германија во износ од 2,8 милиони евра како и учество на Владата на С. Македонија во износ од 27,9 милиони евра. Дополнително, Владата на СР Германија од специјален фонд наменет за стручни услуги, за оваа Програма додели грант средства во износ од 750 илјади евра.

Средствата за овие проекти нема да се повлекуваат сите наеднаш, туку ќе се повлекуваат од меѓународните институции како што ќе се реализираат проектите.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб