17 Октомври, 2018
0.3293
    ALK 8000.71    0.34%     CEVI 1000    0%     GRNT 800    0.4%     KMB 5084.59    1.69%     KVAS 14056    0%     MPT 45557    1.24%     MTUR 4700    0%     OHB 6349.93    0.96%     OKTA 4700    3.82%     PPIV 45000    0%     RMDEN17 96.1    0%     RZLE 20    0%     RZLV 61    1.67%     RZUS 117    2.47%     STB 1120    1.82%     STBP 1100    1.85%     STIL 127.57    0.45%     TETE 2200    0%     TNB 14294.42    2.1%     TTK 1164.45    1.13%

Елези: Враќаме стари долгови

Објавено во: Финансии 08 Август, 2018

Заклучно со 2016 година, јавниот долг учествуваше со 48,5 поценти од домашниот-бруто-производ (БДП) или 4,7 милијади евра, а на крајот на 2017 година вкупниот јавен долг е намален на 47,2 проценти од БДП.

Ова денеска го одговори заменик-министерката за финансии, Ширет Елези на новинарско прашање за задолжувањето.

„Само во јануари 2018 година, Министерството за финансии исплати над 200 милиони евра долг преземен од претходните години, односно исплати кредит земен во 2013 година од 95 милиони евра, а исто така предвреме е исплатена обврзница која доспева во 2020 година“, рече Елези.

Таа потенцираше дека од 2008 до 2016 година долгот се зголемил двојно или од 23 проценти од БДП на 48,5 проценти од БДП.

Во однос на слабата реализација на капиталните инвестиции, Елизе додаде дека прават напори и ги притискаат институциите за реализација на капиталните инвестиции во наредниот период.

„Затоа правевме и одредени анализи, ако има потреба ќе се прави ребаланс на буџетот за да ги прераспределиме таму каде има потреба од буџетските корисници за да се реализираат – истакна Елези и информираше дека во буџетот има одлична наплата на приходите со реализација од 47 проценти од планираното, а буџетскиот дефицит е 0,7 проценти или една четвртина од проектираниот.


Можеби ќе ве интересира

ТОП 25: Земји кои се најдобри за почнување на бизнис

ТОП 25: Земји кои се најдобри за почнување на бизнис

Златко Марин: Нема да го обештетиме профитот, но земјиштето, комуналиите и проектот - да

Златко Марин: Нема да го обештетиме профитот, но земјиштето, комуналиите и проектот - да

УЈП „растури“ кај данокот на добивка

УЈП „растури“ кај данокот на добивка

Село направило добар бизнис план и денес живее одлично

Село направило добар бизнис план и денес живее одлично

ШТО СЕ СЛУЧИ: Надминат годишниот рекорд на берзата на цел квартал до крајот

ШТО СЕ СЛУЧИ: Надминат годишниот рекорд на берзата на цел квартал до крајот

Словенија ем со дивиденда, ем пари од продажба на НЛБ

Словенија ем со дивиденда, ем пари од продажба на НЛБ

НЛБ банка понудена на продажба до крајот на годината

НЛБ банка понудена на продажба до крајот на годината

КОЈ ПРЕПОРАЧА ДОБАР РАБОТНИК ДОБИВА 1300 ЕВРА ВО КЕШ: Хрватска фирма во потрага по работници

КОЈ ПРЕПОРАЧА ДОБАР РАБОТНИК ДОБИВА 1300 ЕВРА ВО КЕШ: Хрватска фирма во потрага по работници

РЕБАЛАНС: Повеќе пари за општините, капиталните трошоци одат надолу

РЕБАЛАНС: Повеќе пари за општините, капиталните трошоци одат надолу