Елка Јачева- Улчар: Туѓинци што сакаат корен да ти сотрат ќе ти кажуваат како да се викаш
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019
Леле, леле, леле - успехов голем!? По дома да ти кажуваат како ќе се викаш некои туѓинци што те мразат и сакаат коренот да ти се сотре!!! Барем поумерени во восхитот бидете, ве молам! "Не зголемувајте ја смртта! И онака е ГОЛЕМА! Голема како ѕвезден простор..." - пишува на Фејсбук професорката Елка Јачева - Улчар коментирајќи го изгласувањето на уставните измени во Парламентот.
Професорката досега често пати пишуваше против уставните измени кои водат до менување на името во Република Северна Македонија.