25 Април, 2024
0.0304

ЕЛКОЛЕКТ ВО СОРАБОТКА СО ЧЕТИРИ ОПШТИНИ ГО ЗАПОЧНУВА ЧЕТВРТИОТ ЦИКЛУС ОД НАГРАДНАТА ИГРА "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Елколект,  најавува почеток на уште еден нов, поттикнувачки циклус од наградната игра"Да рециклираме и да се наградуваме" за чистење на  домовите од електронскиот и електричен отпад

На граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село старите и дотрајани електрични и електронски апарати може да им донесат вредни награди 

Елколект ДОО, како компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017та година, континуирано ги наградува совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со ослободувањето од електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната околина и здравјето на луѓето.


Мотивирањето на граѓаните да создаваат навики за ослободување од електричниот и електронски отпад резултираше со значително зголемен интерес за учество во наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“.

За таа цел, во текот на актуелниот, трет циклус на наградната игра, компанијата Елколект од 02ри октомври го започнува и четвртиот ( oва реално е трет циклус ама за да бидеме доследни сега е предоцна да менуваме) циклус на „Да рециклираме и да се наградуваме“, наменет за  општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

Под  препознатливото име"ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ", четвртиот циклус на наградна игра која Елколект ја организира во соработка сочетирите општини на територија на Република Македонија, со цел подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од правилно постапување со овој вид отпад.

За четвртиот циклус од наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" Елколект обезбеди вкупен награден фонд од 20 вредни награди од кои:четири ЛЕД ТВ, четири фотоапарати Sony DSC W800B, четириGigabyte смарт телефониG Class - LTE, Dual Sim, 5.00" HD IPS(1Z80*720pix),четири Пионир ДВД 2242 и четири тостериХјундаи SM626(по пет награди за во секоја од четирите оптштини).

Според правилата на наградната игра, потенцијален добитник на една од овие награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, во неговата општина, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставенпрепознатливиот црвен еко магицин на Елколект. Доставата може да се реализира секој работен ден.

Граѓаните кои ќе го донесат својот електричен и електронски отпад до еко магацинот на Елколект во својата општина, добиваат купон за учество во наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ". Купонот во кој е впишан реден број исодржипечат од организаторот е составен од два истоветни дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот се става во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на последниот ден од наградната игра предвиден за секоја општина.

За секој поединечен оставен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува шансата за награда. Одредени видови опрема носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, електричен и електронски алат.

Локациите на еко магацините на Елколект во општините каде ќе се одвива четвртиот циклус од наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" се:

Општина Струмица: Југосуровина – ул. Климент Охридски бр. 1

Општина Василево: на паркингот кај градинката и општината

Општина Ново Село: ул. Гоце Делчев ББ

Општина Босилово: во кругот на Општината 2431 с. Босилово ББ

Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, а кои ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, имаат можност да се ослободат од отпадот и да станат потенцијални добитници на награди. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколектwww.elkolekt.mk.

Елколект планира реализација на нови акции и наградни игри по другите општини со кои соработува на планот на конкретни решенија за ослободување од електричниот и електронски отпад и подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од селекција и одделно собирање на овој вид отпад.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите да постапат на ист начин, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan