18 Април, 2024
0.0254

ЕЛКОЛЕКТ ЗАПОЧНУВА СО ТРЕТИОТ ЦИКЛУС ОД НАГРАДНАТА ИГРА "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

По успехот на двата изминати циклуси од наградната игра"Да рециклираме и да се наградуваме", Елколект најавува почеток на уште една нова, мотивирачка еко акција за чистење на  домовите од електронскиот и електричен отпад.

На граѓаните на Охрид, Битола, Прилеп и Дебрца,старите и дотрајани електрични и електронски апарати може да им донесат вредни награди 

Елколект ДОО, како компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017та година, континуирано ги наградува совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со ослободувањето од електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната околина и здравјето на луѓето.

По успештите два циклуси на наградната игра "Да рециклираме и да се наградуваме", во општинитеЃорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија, Богданци, Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце, кои резултираа со создавање и негување на одлични навики и интерес кај граѓаните, плодна соработка со општинските тимови и поддршка од градоначалниците,Елколект, во  третиот циклус од наградната игра за собирање на електричен и електронски отпад  ги вклучи општинитеОхрид, Битола, Прилеп и Дебарца.

Под веќе препознатливото име"ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ", третиот циклус на наградна игра која Елколект ја организира во соработка сочетирите општини на територија на Република Македонија, ќе се одвива во период од04ти Септември 2017 до 31ви Октомври 2017та, со цел подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од правилно постапувањесо овој вид отпад.


За третиот циклус од наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" Елколект обезбеди вкупен награден фонд од 20 вредни награди од кои:четири ЛЕД ТВ, четири фотоапарати Sony DSC W800B, четириGigabyte смарт телефониG Class - LTE, Dual Sim, 5.00" HD IPS(1Z80*720pix),четри Пионир ДВД 2242 и четири тостериХјундаи SM626(по пет награди за во секоја од четирите оптштини).

Според правилата на наградната игра, потенцијален добитник на една од овие награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, во неговата општина, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставенпрепознатливиот црвен еко магицин на Елколект. Доставата може да се реализира секој работен ден.

Граѓаните кои ќе го донесат својот електричен и електронски отпад до еко магацинот на Елколект во својата општина, добиваат купон за учество во наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ". Купонот во кој е впишан реден број исодржипечат од организаторот е составен од два истоветни дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот се става во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на последниот ден од наградната игра предвиден за секоја општина.

За секој поединечен оставен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува шансата за награда. Одредени видови опрема носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, електричен и електронски алат.

Локации на еко магацините на Елколект во општините каде ќе се одвива третиот циклус од наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" се:

Oпштина Охрид: „Механизација“ ул. Асном ББ и Дирекција на ЈП „Охридски комуналец“ –Охрид

Општина Битола: ЈП „Комуналец“ ул. 16 ББ – Битола

Општина Дебарца: Пред општинската зграда с.Белчишта

Општина Прилеп: ЈКП „Комуналец“ ул. Трајко Николоски ББ – Прилеп

Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, имаат можност да се ослободат од опасниот отпад и да станат потенцијални добитници на награди. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколектwww.elkolekt.mk.

Компанијата Елколект во соработка со општините ја спроведува оваа акција со наградување на совесните граѓани со цел подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се постапува со овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад може да содржи  опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво да се фрла овој тип на отпад во контејнери, заедно со комуналниот отпад.

Во текот на оваа година, Елколект планира реализација на нови акции и наградни игри по другите општини со кои соработува на планот на конкретни решенија за ослободување од електричниот и електронски отпад и подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од селекција и одделно собирање на овој вид отпад.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите да постапат на ист начин, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година